Времето денеска ќе биде сончево и топло на повеќе места со засилен ветер од јужен правец (наместа над 60 км/ч), информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во ноќните часови кон недела ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 22 до 29 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Утре нѐ очекува сончево време со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од 19 до 27 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Слично време ќе имаме и од понеделник, а во среда во попладневните часови можен е дожд на некои места.
