Побарувачката за електрични возила на некои пазари веќе ги надмина очекувањата, па „модел 3“ на „Тесла“ е најпродаваниот автомобил во Европа за минатиот месец, објави во понеделникот консултантската компанија „ЈАТО дајнамикс“.
Пазарната вредност на компанијата „Тесла“ надмина еден билион долари вчера, откако ја доби најголемата нарачка на возила досега од компанијата за изнајмување автомобили „Херц“.
Акциите на „Тесла“ пораснаа за 14,9 отсто, а вредноста на компанијата достигна 1,045 билион долари, со што таа стана највредниот производител на автомобили во светот. „Тесла“ е и првата автомобилска фирма која му се приклучи на елитниот клуб на компании со вредност над еден билион долари, каде што се „Епл“, „Амазон“, „Мајкрософт“ и „Алфабет“.

За „Тесла“ и нејзините инвеститори, одлуката на „Херц“ да нарача 100.000 тесла-автомобили покажува дека електричните возила повеќе не се ексклузивен производ, туку ќе доминираат на масовниот пазар на автомобили во блиска иднина.
„Електричните возила сега се во широка употреба и ние сме само сведоци на почетокот на глобалната побарувачка и интерес“,
рече извршниот директор на „Херц“, Марк Филдс.
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, постави стапка на раст на продажбата од 50 отсто годишно, која во одреден миг би требало да достигне 20 милиони продадени возила за една година. Тоа е двојно повеќе од продажбата на актуелните лидери на пазарот „Фолксваген“ и „Тојота“.
Побарувачката за електрични возила на некои пазари веќе ги надмина очекувањата, па „модел 3“ на „Тесла“ е најпродаваниот автомобил во Европа за минатиот месец, објави во понеделникот консултантската компанија „ЈАТО дајнамикс“.