„Тие што се кријат под шаторите и се штитат од дождот, ниту сенката на шаторите нема да им ги покрие срамот и делата што ги направиле. Нивните вресоци немаат никаква врска со албанскиот јазик, со Албанците ниту, пак, со нешто албанско. Нивната бучава не е за државата, туку за власт, а повеќе од власт им треба колективна амнезија за да избегаат од правдата. Но, ќе одговараат, нема каде да избегаат“, рече на денешната прес-конференција пратеникот Ријан Шаќири од редовите на оваа коалиција
Она што го кажавме пред неколку недели, денеска се потврди. Денеска не се случи ништо, а и никогаш нема да дозволиме деградација на албанскиот јазик. Денеска триумфира улогата на „Вреди“, како дел од оваа влада. Кога рековме дека албанскиот јазик нема да се допре, така и се случи. Ова денеска на прес-конференција го рече Ријад Шаќири од коалицијата „Вреди“ коментирајќи ја денешната одлука на Уставниот суд да одржи подготвителна седница за иницијативите поврзани со Законот за употреба на јазиците пред да се произнесе за неговата и уставноста на дел од неговите одредби.
„Порачуваме дека албанскиот јазик ќе се унапреди уште повеќе и уште подобро. Така ќе биде. Тие што се кријат под шаторите и се штитат од дождот, ниту сенката на шаторите нема да им ги покрие срамот и делата што ги направиле. Нивните вресоци немаат никаква врска со албанскиот јазик, со Албанците ниту, пак, со нешто албанско. Нивната бучава не е за државата, туку за власт, а повеќе од власт им треба колективна амнезија за да избегаат од правдата. Но, ќе одговараат, нема каде да избегаат“,
рече тој.
Посочи дека коалицијата „Вреди“ нема да дозволи Албанците да бидат штит за криминалот и корупцијата на функционерите од ДУИ.
„Се работи за политичка групација чија цела структура со години беше целосно ангажирана во служба на двајцата братучеди Груевски и Мијалков“,
вели Шаќири.
Тоа, како што рече, веќе е потврдено и од стратешкиот сојузник на Албанците, Соединетите Американски Држави.
„А, сега ти ли ќе го бранат албанскиот јазик. Го прашуваме Али Ахмети, дали Артан Груби дејствуваше под негово раководство кога го спаси Сашо Мијалков од затвор? Дали Груби се солидаризира со партијата од сумата на парите што ги добил од Мијалков?“,
рече тој.
Според Шаќири, заштитниот столб на Албанците во Северна Македонија е коалицијата „Вреди“, која е посветена на заштита, унапредување и промоција на правата на Албанците.
„Албанскиот јазик е и ќе остане составен дел од институционалниот живот во нашата земја, а коалицијата ‘Вреди‘ ќе продолжи посветено да работи на заштита и гаранција на ова правило кое е неприкосновено. ‘Вреди‘ е повеќе од политичка коалиција, туку е будење на Албанците“,
кажа Шаќири.
Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да одржи подготвителна седница за иницијативите поврзани со Законот за употреба на јазиците пред да се произнесе за неговата и уставноста на дел од неговите одредби.
Пред неколку дена, Саранда Имери Стафаи од „Вреди“, по состанокот на координативното тело на Коалицијата и лидерите на партиите, заедно со министрите од владината коалиција, рече дека Албанците можат да бидат мирни и дека албанскиот јазик ќе биде заштитен.
„Не поминуваат триковите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) кои сакаат да се претстават како спасители на проблемите кои што сами ги создадоа“,
рече таа.
Минатата недела првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, дел од коалицијата „Вреди“ Изет Меџити изјави дека има најави оти на седницата на Уставен суд, на која треба да се разгледува предметот за Законот за употреба на јазиците, кој е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, нема да присуствуваат двајца судии.