Реакцијата на владејачката коалиција на партиите на Албанците следува откако Ахмети во два наврати деновиве позитивно одговори на изјавата што премиерот Христијан Мицкоски ја даде одговарајќи на пратенички прашања од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во четвртокот, кога го повика на предвремени избори в година
Ако навистина сака предвремени парламентарни избори, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прво нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката, повикаа утринава од коалицијата „Вреди“.
Реакцијата на владејачката коалиција на партиите на Албанците следува откако Ахмети во два наврати деновиве позитивно одговори на изјавата што премиерот Христијан Мицкоски ја даде одговарајќи на пратенички прашања од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во четвртокот, кога повика на предвремени избори в година.
„Уште една потврда дека коцкарските бизниси имаат сериозно влијание врз политиките на ДУИ. Затоа, покерските блефови на Ахмети не треба да се сфаќаат сериозно. Коалицијата ‘Вреди’ му порачува на Ахмети, наместо да ги храбри уплашените поранешни функционери со лажни барања за предвремени парламентарни избори заедно со локалните, нека се посвети на внатрешни кадровски и програмски реформи“,
велат од „Вреди“.
Од коалицијата сметаат дека лидерот на ДУИ прво треба да депонира писмена гаранција дека ќе замине од политиката кога ќе загуби на евентуалните предвремени избори за, како што велат, да не се трошат народни пари за проблемите на Али Ахмети и Зијадин Села кои се обидуваат да ја спасат нивната коалиција.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера ја повика ДУИ да се подготви за одговорност, а за избори, како што рече, кога ќе дојде време. Потенцира дека новата влада има четиригодишен мандат поткрепен со над 600 илјади гласа и дека сега е време да се испорача ветеното пред изборите како борбата против криминалот и корупцијата.