По вчерашниот хакерски напад, официјалниот твитер-профил на министерот за надворешни работи Бујар Османи е вратен, соопштија од МНР. Оттаму велат дека освен неколку избришани твитови, не е забележана некаква посериозна злоупотреба.

Вчера, министерот Османи објави дека неговиот официјален профил на Твитер е хакиран и дека случајот го пријавил во полиција. Името на профилот беше сменето во „Sheldon The Sniper“.
