Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 58-годишниот Д.Ј. жител на село Новак, општина Центар Жупа за фалсификување службена исправа
Поштенски службеник во Центар Жупа од починато лице присвоил 220 000 денари.
Како што објави СВР Охрид дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 58-годишниот Д.Ј. жител на село Новак, општина Центар Жупа за фалсификување службена исправа.
Тој како вработен во подружницата на АД „Пошти” во селото Голем Папрадник, во три различни временски периоди, од трансакциска сметка на починато лице, неовластено присвоил парични средства во вкупен износ од 220 000 денари.