Инцидентот се случил синоќа околу 23:30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба каде што приведениот заедно со уште неколку лица физички го нападнале 37-годишниот скопјанец Д.С.

Дваесет и осумгодишниот Ф.Ц. од Скопје, вработен во „Комунална хигиена“, синоќа бил приведен затоа што со уште неколку лица физички нападнале друг вработен во Претпријатието, кој во тој момент ги извршувал своите работни задачи, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во полициското соопштение се вели дека инцидентот се случил синоќа околу 23:30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба каде што приведениот заедно со уште неколку лица физички го нападнале 37-годишниот скопјанец Д.С.
„Денеска (10.7.2023) во 00:05 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц. (28) од Скопје, вработен во ЈП ‘Комунална хигиена’ Скопје, поради тоа што на 9.7.2023 околу 23:30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со Д.Д. и уште неколку лица, физички го нападнале Д.С. (37) од Скопје, додека ги извршувал своите работни задачи како вработен во истото претпријатие“,
се вели во соопштението од МВР.
Оттаму дополнуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на лицата, а по неговото документирање од страна на Единицата за насилен криминал ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело насилство, по член 386 од Кривичниот законик.