Полицаец од граничната полиција е позитивен на ковид-19, информираше министерот за здравство на денешната прес-конференција.
„Вработениот кој е позитивен е полицаец од граничната полиција од странство, кој по враќањето во Унгарија бил тестиран и е позитивен. Согласно тоа, вчера се направени анкети и триесетина странски полицајци коишто се на јужната граница и триесетина наши полицајци коишто биле во контакт со полицаецот кој заминал и тие ќе бидат тестирани денеска“,
изјави Филипче.
Тој додаде дека сите анкети на лицата кои биле во контакт со полицаецот се завршени и дека се издадени решенија за самоизолација.
