Вработен во Град Скопје е позитивен на ковид-19, потврдија од Градот за „360 степени“.
Од Град Скопје велат дека по добиените позитивни резултати, испратени се во самоизолација 28 вработени кои биле во близок контакт.
„По случајот, извршена е целосна дезинфекција на сите работни простории и бироа“,
додаваат од Град Скопје.
