Хрватската јавност, а особено жителите на Сплит, денеска се згрозени од два брутални напада врз жени без никаков повод и причина. Насилникот, познат криминалец од централна Хрватска, е уапсен по голема потрага. Двата напада се снимени од безбедносни камери
Мажот, кој утрото без повод напаѓаше жени низ Сплит, е уапсен по голема полициска потрага, објави хрватскиот портал Индекс. Станува збор за 28-годишниот Александар Нишевиќ.

Нишевиќ утрото во Сплит нападнал најмалку две жени, а двата напада се снимени од безбедносни камери.
Првиот напад се случил околу 7 часот, кога нападнал 52-годишна жена која отворала угостителски објект. Прво, ја замолил за чаша вода и кога таа се свртела за да му донесе, почнал да ја удира со шише по глава, а потоа и со тупаници и клоци.
Околу 45 минути подоцна, нападнал 40-годишна жена додека таа влегува во зграда во Сплит. Во нападот, таа се здобила со тешки повреди на ногата. На местото на нападот полицијата нашла плоснат камен со кој напаѓачот ја удирал жената.
Нишевиќ е уапсен денеска околку 16:40 часот, по голема полициска потрага во која учестувале повеќе единици на полицијата со кучиња и дронови. Според Индекс, тој и е добро познат на полицијата низ цела Хрватска. Уште како 19-годишен бил пријавуван за кражби во викендици, куќи и дуќани во Глина, Карловац, Сисак, Крка, Загреб и други места.

Само лани полицијата го пријавила пет пати. Во 2016 година Нишевиќ се фалел како и бега на полицијата.
„Уф, за влакно, среќа сум побрз. Четворица полицајци ме бркаат, но остана само прашина зад мене. Хаха, каков ден.“
