Возилото „ленд ровер“, од МВР велат дека било сопственост на 51-годишниот Н.М. од Струмица, додека „фордот“ бил на сограѓанинот В.Т.(53)

Возило „ленд ровер“ вчера изгорело во пожар во Струмица, а бил зафатен и друг автомобил, „форд“ кој бил паркиран во негова близина, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од полицијата додаваат дека нема повредени лица.
Возилото „ленд ровер“, од МВР велат дека било сопственост на 51-годишниот Н.М. од Струмица, додека „фордот“ бил на сограѓанинот В.Т.(53).
Пожарот во СВР Струмица бил пријавен дека се случил во периодот од 19:30 до 19:45 часот.
Во соопштението од МВР се вели дека двете возила со струмички регистарски ознаки биле паркирани пред зграда на улицата „Браќа Миладинови“ во Струмица.
Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица.
На местото увид извршиле инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица, а за случајот бил запознаен и јавен обвинител од стумичкото Основно јавно обвинителство.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
