Не наведувајќи го конкретниот временскиот период во кој се водела постапка против него од Обвинителството информираат дека против 20-годишникот бил поднесен предлог за определување притвор за две кривични дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Во текот на постапката момчето било во притвор, а обвинителството поднело обвинение со предлог за продолжување на притворот. Судот, пак, ја укинал притворската мерка за обезбедување и одлучил момчето да биде испратено во воспитно-поправниот дом во Тетово
Откако дел од медиумите објавија дека 20-годишникот, кој синоќа со автомобил усмрти 22-годишна девојка во Скопје, требало да биде во притвор поради друго кривично дело, со одговор до медиумите вечерва се произнесе Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.
Не наведувајќи го конкретниот временскиот период во кој се водела постапка против него, оттаму информираат дека против 20-годишникот Обвинителството поднело предлог за определување притвор за две кривични дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Во текот на постапката момчето било во притвор, а скопското обвинителство поднело обвинение со предлог за продолжување на притворот. Судот, пак, ја укинал притворската мерка за обезбедување и одлучил момчето да биде испратено во воспитно-поправниот дом во Тетово.
„Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече заводска мерка упатување во воспитно-поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник. Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување“,
информираат од ОЈО Скопје.
Незадоволен од пресудата на скопскиот кривичен суд, имајќи го предвид претходно поведениние на сторителот, јавниот обвинител ја обжалил одлуката на Судот и предметот во моментов е во жалбена постапка.
Претходно вечерва, ОЈО Скопје побара притвор за 20-годишникот поради вчерашната сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во која со автомобил усмрти 22-годишна девојка. Момчето го управувало автомобилот на татка си. Возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и на обележаното место за пешачки премин поминал иако на семафорот светело црвено.