Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица

Полицијата синоќа го лишила од слобода Д. Б. (60) од струшкото село Пискупштина, откако бил фатен како вози под дејство на алкохол на регионалниот пат Струга – Дебар, на местото викано „Кореа“.
При редовна контрола на сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „застава“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Д. Б. По извршените проверки, било утврдено дека возачот имал високо ниво на алкохол во крвта, односно 2,61 промили.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик, кој се однесува на „безобѕирно управување со моторно возило“.