Возот, кој тестирал опрема за детекција на земјотреси, удрил во групата работници на закривен дел од пругата на железничката станица Луојанг Таун во градот
Воз удрил во група железнички работници во југозападниот кинески град Кунминг, при што загинале 11, а двајца биле повредени, соопштија официјални лица. Ова е најлошата железничка несреќа во Кина во последната деценија, пишуваат кинеските медиуми.

Возот, кој тестирал опрема за детекција на земјотреси, удрил во групата работници на закривен дел од пругата на железничката станица Луојанг Таун во градот.
„Станицата во покраината Јунан продолжи со нормално работење, а се истражуваат причините за несреќата“,
соопштија официјални лица.
11 Dead, 2 Injured as Train Collides With Workers in China #QNAhttps://t.co/2Iagf7xDHh pic.twitter.com/8iP2xBGBO9
— Qatar News Agency (@QNAEnglish) November 27, 2025
Кинеската железничка мрежа е најголема во светот. Долга е повеќе од 160 000 км и годишно опслужува милијарди патувања.
Иако железничката мрежа е позната по својата ефикасност, таа го привлече вниманието на јавноста по неколку инциденти, вклучувајќи го и оној во 2011 година во источната покраина Џеџијанг, во кој загинаа 40 лица, а 200 беа повредени.
Девет лица загинаа во 2021 година кога воз во северозападната покраина Гансу прегази работници на дел од железничката пруга Ланжоу-Синџијанг.
