Дваесет и едногодишно момче почина откако во него удри воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, потврдуваат за МИА од СВР Велес.
Возот го прегазил момчето околу 11:40 часот во Велес, пред новиот мост „Гемиџии“. Од Службата за итна медицинска помош, била повикана на местото на настанот во 11:40 минути и за жал само констатирала смрт кај 21-годишното момче Т.И од Велес.
„Поради настанот веќе два часа сообраќајот во градот е закочен, бидејќи возот го има блокирано преминот кај Нов мост“,
информираат од СВР Велес.
Екипи на СВР Велес и јавен обвинител вршат увид на местото на настанот.
