Министерот за образование истакна оти создавањето послободно и подемократско општество не е недостижен идеал, а оти е потребен е само образовен систем кој промовира и обезбедува почитување, толеранција, ненасилство и прифаќање на различностите, образовен систем кој ги учи децата на мултикултурализам и демократија
Ако нашата цел е да создадеме млади луѓе кои ќе бидат заинтересирани за позитивни промени во средината во која живеат и работат, тогаш во текот на образованието треба така да ги обликуваме.
Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната конференција насловена „Вклучување на политичкото образование во образовниот систем“, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование при Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, а во соработка со Фондацијата за демократија на „Вестминстер“.
Во таа насока, министерот за образование истакна оти создавањето на послободно и подемократско општество не е недостижен идеал, а оти е потребен е само образовен систем кој промовира и обезбедува почитување, толеранција, ненасилство и прифаќање на различностите, образовен систем кој ги учи децата на мултикултурализам и демократија.
Ова, како што посочи Шаќири, се основните вредности на кои се темели реформата на основното образование, која од оваа учебна година почна во прво и во четврто одделение, а етапно продолжува во другите одделенија. посочи оти би било добро и во наставните програми од седмо, осмо и деветто одделение да се воведат повеќе содржини и повеќе часови посветени на политичкото образование.
„Преку нив ученикот ќе ја стекне основата за критички да анализира и дискутира за вредностите на граѓанското општество, за различните улоги и однесувања на граѓаните и за својата улога во него, ќе се учи да препознава ситуации во кои има повреда на права и какви активности треба да се преземат во таквите ситуации, ќе знае што е демократија и слично. Ова е идеја за која ќе разговараме со Бирото за развој на образованието како институција задолжена за изработка на наставните програми“,
рече министерот за образование и наука.
На конференцијата, меѓу другото, Шаќири додаде и оти образованието треба да ги учи младите луѓе да делуваат, да ги поттикнува на критичко размислување и на носење заклучоци врз основа на анализа на факти, и тогаш, како што рече, низ процесот на учење ќе се обликуваат граѓани кои тежнеат кон напредок, во соживот со различните од себе и врз демократски принципи.
За тоа, како што истакна министерот Шаќири, неопходно е вметнување на теми кои досега недостигаа во учебниците, меѓу кои и тие за политичко образование.
„Во тек ме процесот на етапно изготвување нови материјали за учење, согласно новите наставни програми. Како креатори на образовните политики, отворени сме за конструктивни идеи и сугестии“,
рече Шаќири на конференцијата.
На конференцијата, на која свое обраќање имаше и претседателот Стево Пендаровски, истакна оти демократијата не треба да биде привилегија на само една генерација граѓани, туку траен систем на уредување на општеството и политиката за многу генерации во иднина. Поради тоа, како истакна, учениците треба да имаат можност да се образуваат со цел да знаат како да донесат информирана политичка одлука.
За таа цел, истакна претседателот Пендаровски, иницираме поширока општествена дебата за модалитетите на вклучување на демократското политичко образование во нашиот формален образовен систем.