Во моментов има речиси 19 милиони активни случаи, најмногу во САД- 6,8 милиони
Повеќе од 145 милиони луѓе во светот се заразени денес со коронавирус, се наведува на вебстраницата „Ворлдометерс“.
Од нив активни се 18 891 566 случаи, а од нив 99,4 отсто се со благи симптоми, додека 0,6 остот или 109,827 лица се во тешка состојба.
Најголем број случаи на ковид-19 се регистрирани во САД – 32,6 милиони, по што следува Индија со 16,2 милиони луѓе заразени со коронавирус и Бразил, со повеќе од 14 милиони случаи.

На прво место според бројот на заразени во Европа е Франција (5,3 милиони), потоа Русија со 4,7 милиони, Велика Британија со 4,3 милиони, Италија со 3,9 милиони, Шпанија со 3,4 милиони заразени.
Повеќе од три милиони луѓе ширум светот починаа од компликации предизвикани од коронавирусот, додека 123 183 419 луѓе се опоравиле.