Мажот е уапсен поради сомнение дека неовластено влегол на приватен имот и дека со себе имал оружје
Британската полиција соопшти дека уапсила вооружен маж кој упаднал во комплексот на замокок Виндзор, објави Скај Њуз.
Во соопштението се наведува дека се работи за 19-годишен млад човек и дека инцидентот се случил во моментот кога во замокот престојувала кралицата Елизабета.
Мажот е уапсен поради сомнение дека неовластено влегол на приватен имот и дека со себе имал оружје.
Во својата божиќна порака, кралицата Елизабета зборуваше за болката што ја чувствува по смртта на нејзиниот сопруг и ги покани сите да го прослават празникот со пријателите и семејството, и покрај тагата што ја носи пандемијата.
Таа рече дека разбира колку е тешко кога ќе дојдат празниците „без познатата смеа“.
Елизабета им се обрати на Британците со врамена фотографија на принцот Филип, покра неа, кој почина во април на 99-годишна возраст.