Како небезбедни се одземени и уништени над 253 килограми храна – месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи
Низа неправилности и пропусти во работењето на маркетите и хипермаркетите нотирале инспекциските служби од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по спроведените вонредни контроли. Кај шест од контролираните маркети, како што соопшти АХВ, е утврдено дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на добра призводствена и хигиенска пракса, а кај 14 маркети била затекната храна со изминат рок на траење.
Изрезечни се 22 казни на оператори со храна, во вкупна вредност од околу 40 илјади евра.
„Кај десет оператори, со контролите се утврдени полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во два маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки“,
соопшти АХВ.
Во рамките на контролите на Агенцијата, како небезбедни од операторите се одземени и уништени над 253 килограми храна – месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи.
Акцијата била спроведена од 13 до 16 јануари годинава, а контролирани биле 188 оператори со храна од оваа категорија.
