Решението од Џафери доаѓа откако Владата минатата недела го распушти Советот на Општина Тетово бидејќи актуелниот состав не успеа да ја усвои завршната сметка до 21 март 2022 година
За два месеци, тетовци повторно ќе излезат на избирачките места за да гласаат на вонредни избори за нови советници. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги распиша изборите и ги закажа за 20 август 2022 година.
Решението на Џафери, е објавено во Службен весник, a надлежна за спроведување на изборите е Државната изборна комисија (ДИК).

Вонредни избори за нов состав на Советот на Општина Тетово се распишат откако актуелните советници не успеаја до 31 март годинава да ја усвојат завршната општинска сметка согласно членот 75 од Законот за локална самоуправа.
На издавањето на решението од Џафери му претходеше и владина одлука за распуштање на Советот, којашто Владата ја донесе на седница на 14 јуни.
На 20 август ќе се одржат и избори за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Во овие општини ова ќе биде трета среќа со оглед дека на локалните избори во октомври лани и неколку месеци подоцна, немаше доволно излезени граѓани на гласање за да може да се изберат градоначалници.