Молдавската претседателка соопшти дека земјата е подготвена да прифати десетици илјади лица
Молдавија ќе воведе вонредна состојба и е подготвена да прифати десетици илјади лица од соседна Украина, изјави денеска молдавската претседателка Маја Санду.
„Ќе им помогнеме на луѓето на кои им е потребна нашата помош и поддршка“,
рече таа.
Десетици автомобили чекаат во колони на границата меѓу Украина и Молдавија, наведуваат молдависките интернет-медиуми.
„Молдавија денеска ќе го затвори својот воздушен простор и ќе ги пренасочи летовите кон другите воздушни пристаништа заради безбедносната ситуација во регионот“,
соопшти земеник-премиерот на земјата, Андреј Спину, во објава на Фејсбук.
Претходно, Литванија најави дека ќе прогласи вонредна состојба и ќе побара активирање на членот 4 од Договорот на НАТО кој предвидува итни консултации доколку членка на Алијансата е загрозена.