Федерален судија во Чикаго во понеделникот го отфрли барањето за итна забрана за распоредување на трупите, но закажа рочиште за в четврток. Во меѓувреме, војниците од Илиноис се повикани на обука, иако не се очекува да бидат распоредени пред одлуката на судот
Војници на Националната гарда на Тексас синоќа пристигнаа во Центарот за обука на резервите на американската армија во Елвуд, југозападно од Чикаго, каде што ќе поминат обука пред да бидат распоредени за заштита на федералните објекти и службениците на Службата за имиграција и царина.

Извори запознаени со операцијата за Си-би-ес њуз изјавија дека околу 200 војници ќе бидат распоредени во Чикаго, додека за утре е закажано сослушување за тужбата на државата Илиноис и градот Чикаго, кој се обидува да го блокира распоредувањето.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека војниците ќе бидат задолжени за обезбедување на федералните згради, вклучувајќи ги центрите на Службата за имиграција и царина во предградието на Бродвеј и центарот на Чикаго.
Сепак, државните и локалните власти во Илиноис велат дека не биле информирани за деталите од мисијата.
Гувернерот на Илиноис, Џ. Б. Прикер, рече дека Трамп наредил распоредување на 400 припадници на Националната гарда на Тексас во неколку држави, вклучувајќи ги Илиноис и Орегон. Тоа го нарече агресивно пречекорување на федералните овластувања и изрази надеж дека судот ќе ја запре операцијата.
Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, оцени дека Националната гарда нема полициски овластувања и предупреди дека војниците не се обучени да работат во цивилни средини.
Федерален судија во Чикаго во понеделникот го отфрли барањето за итна забрана за распоредување на трупите, но закажа рочиште за в четврток.
Во меѓувреме, војниците од Илиноис се повикани на обука, иако не се очекува да бидат распоредени пред одлуката на судот.
Се очекува судот во Чикаго да одлучи за законитоста на распоредувањето на војниците во наредните денови.