Прогласена воена состојба во регионот Нагорно-Карабах каде денеска ескалираше ситуацијата меѓу Азербејан и Ерменија.
Првично Ерменија го обвини Азербејџан за напад на цивилни населби и го повика населението да се засолни. Азербејџан пак, објави дека емренските сили пукале и дека има цивилни жртви.
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан прогласи воена состојба и општа мобилизација соопштувајќи дека тоа е за доброто на татковината, тој нареди дека сите војници на Ерменија мора да се појават во нивните територијални воени комисии.
Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека неговите трупи собориле два азербејџански хеликоптера и три беспилотни летала како одговор на нападот, за кој велат дека започнал против цивилните населби, вклучувајќи ја и регионалната престолнина Степанакерт.
„Нашиот одговор ќе биде пропорционален и воено-политичкото раководство на Азербејџан носи целосна одговорност за ситуацијата“,
се вели во соопштението на ерменското Министерство за одбрана.
Двете поранешни советски држави веќе долго време се во конфликт поради главно етнички населениот ерменски регион Нагорно-Карабах, а граничните судири се интензивираат во последните месеци.
Етничките Ерменци во Нагорно-Карабах прогласија независност за време на конфликт што избувна при распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Иако, во 1994 година беше договорено примирје, Азербејџан и Ерменија често се обвинуваат едни со други за нападите околу Нагорно-Карабах и долж одделната азербејџанско-ерменска граница.
Руското Министерство за надворешни работи денеска ги повика страните вклучени во конфликтот веднаш да престанат со огнот и да почнат преговори за стабилизирање на ситуацијата.