Ова е најголемиот инцидент во Северна Кореја откако американскиот претседател Џо Бајден ја презеде должноста во јануари
Северна Кореја лансирала најмалку две ракети за кои се сомнева дека се балистички, потврдиле за Ројтерс официјални лица од Јужна Кореја, Јапонија и САД.
Ова е најголемиот инцидент на Северна Кореја откако американскиот претседател Џо Бајден ја презеде должноста во јануари.

Севернокорејските балистички ракети се забранети со резолуциите на Советот за безбедност на ООН, а доколку лансирањето биде потврдено, тоа би претставувало нов предизвик за напорите на Бајден за соработка со Пјонгјанг, кои досега се одбиени.
Воениот штаб на Јужна Кореја потврди дека најмалку два неидентификувани проектили биле испукани во морето од севернокорејската провинција Јужен Хамгионг на источниот брег.
Јужнокорејските и американските разузнавачки служби ги анализираат податоците за лансирањето за да добијат дополнителни информации, се наведува во соопштението.
Американски официјални лица, исто така, потврдија за Ројтерс дека Северна Кореја извршила ново лансирање на ракети, без да дадат детали за видот на лансираното оружје.