Од телевизијата велат дека немаат увид во деталите за постапувањето на надлежните органи ниту, пак, во евентуалните резултати од извршената проверка

Новинарот на српската телевизија Н1, Бранислав Шовљански, денеска бил запрен од српската полиција како дел од редовната сообраќајна контрола. Од телевизијата велат дека немаат увид во деталите за постапувањето на надлежните органи ниту, пак, во евентуалните резултати од извршената проверка.
Од медиумот велат дека е од клучно значење надлежните институции да ја спроведат постапката непречено и професионално, со целосно почитување на законот.
Српскиот провладин таблоид „Курир“, пак, пишува дека тој е во 24-часовен притвор за прекршок бидејќи е утврдено дека возел под дејство на наркотици.
„Бидејќи било утврдено дека е позитивен на наркотици, тој бил приведен од полицијата за прекршок“,
пишува „Курир“.
Полицијата го запрела Шовљански денес во 11:28 часот, на аголот од улиците „Тошин бунар“ и „Земунска“ во Белград.
