За комплетна заштита на езерото потребнa e целосна изградба и поврзување на колекторскиот систем, како и негова поправка на места каде има дефекти – сите хотели, куќи и згради, како и селски населби да се приклучат на системот, пумпите да функционираат непрекинато и да се одржуваат реките континуирано, порачуваат од Институтот за јавно здравје

Институтот за јавно здравје ја оцени како одлична и наместа добра водата во Охридското езеро, и покрај континуираните загадувачи кои му штетат на имиџот на најголемото природно езеро во земјава.
Резулататите се должат на претходно земени и лабораториски обработени примероци, пред и во текот на туристичката сезона, на целото крајбрежје на езерото – од Св. Наум до селото Радожда.
„Во однос на микробиолошките параметри, квалитетот на примероците површинска вода се класификацираат како одлична во поголемиот дел од мерните места. Квалитетот на примероците површинска
се вели во Извештајот на Институтот за јавно здравје.
вода од мерните места Пристаниште (плажа), Градска плажа Мизо, Андон Дуков (плажа), Машка и
Женска плажа Струга, хотел Бисер Струга (плажа), с. Калишта Струга (плажа), Радожда Струга
(плажа), камп Ас Струга (плажа), се оценуваат како класа добра. Согласно извршениот теренски увид од ЦЈЗ Охрид и наодите од извршените лабораториски aнализи, површинските води од Охридското Езеро на плажите каде квалитетот на водата е категоризиран како I и II класа, или оценет како класа на површинска
вода ‘одлична’ и ‘добра’, можат да се користат за капење и рекреација како и за спортови на вода“,
За заштита на Охридското Езеро изграден е колекторски систем кој ги собира отпадните води од Охрид и Струга, но ИЈЗ нотира дека има објекти кои со години наназад не се приклучени на мрежата и се потенцијални загадувачи, a тоа се хотели, приватни куќи со септички јами, шанкови до самото езеро…
Целата листа на загадувачи може да ја погледнете овде.
„Приватните куќи долж целиот брег како и селските населби: Трпејца, Љубаништа и Радожда за
стои во извештајот на ИЈЗ.
комуналните отпадни води користат септички јами чие празнење на места го врши јавната
комунална служба. Во село Радожда, септичките јами од куќите или директно се празнат во
езерото, или бидејќи се наоѓаат на самиот брег од плажата понираат во езерото и на тој начин се
директни загадувачи на истото“,
Покрај ова, од ИЈЗ велат дека езерото го загадуваат и реките кои се категоризираат во II и IV класа, но, бидејќи станува збор за eзеро со значителен број на извори, постојано струење на вода, голема водена маса со способност за самопречистување, ова загадување не предизвикува големи промени во класата на водата.
Оттаму посочуваат дека за комплетна заштита на езерото потребнa e целосна изградба и поврзување на колекторскиот систем, како и негова поправка на места каде има дефекти, сите хотели, куќи и згради, како и селски населби да се приклучат на системот, пумпите да функционираат непрекинато и да се одржуваат реките континуирано.
„Да се откријат домаќинствата кои фекалните и другите отпадни води ги исфрлаат директно во речните корита и истите да се приклучат на канализационен систем. Путексите како директни загадувачи на езерото, да се чистат два пати годишно. За преземените активности редовно да се информира Центарот за јавно здравје Охрид, кој ќе продолжи со редовниот санитарно – хигиенски надзор како и Институтот за јавно здравје на РСМ“,
се вели во извештајот.