Претседателот на државата Стево Пендаровски во 10:15 часот, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, на 2 август 2023 година, ќе се обрати пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце.
Пендаровски ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Прохор Пчински“, во 12 часот, а ќе биде пречекан од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и ќе остварат билатерална средба, по што се предвидени изјави за медиумите.
Во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија – АСНОМ, пред споменикот на АСНОМ, ќе биде положено свежо цвеќе, по што претседателот Пендаровски ќе се обрати и следува организирана културно-уметничка програма.
На споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар Пелинце, по повод националниот празник Илинден, владината делегација ја сочинуваат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.