По повод големиот државен празник 2 Август, Илинден, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се обрати на свечена манифестација која ќе се одржи на тврдината Кале во Скопје, што почнува во 9:30 часот.
Претходно ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на слободата „Сила, слава и победа”, а во рамките на настанот предвидена е празнична културно-уметничка програма.
Премиерот Ковачевски ќе ја предводи владината делегација во чиј состав се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, како и министерката за одбрана Славјанка Петровска.