Мицкоски во изјава за медиумите кажа дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со Патриотскиот институт со овој марш сака да го одбележи денот на раѓањето на Гоце Делчев
Делегација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која ја предводи лидерот Христијан Мицкоски, се упати кон гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.
Мицкоски во изјава за медиумите кажа дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со Патриотскиот институт со овој марш сака да го одбележи денот на раѓањето на Гоце Делчев.
„Тоа што не разочарува и создава едно посебно чувство на гнев е што после 68 месеци откако оваа влада е избрана со ветување за живот и дека ќе ги решат сите отворени проблеми посебно со соседите можете да видите денеска во главниот град на нашата Македонија мерки за обезбедување од највисок прв степен, хеликоптери летаат или можам да заклучам дека не само што не ги решиле туку и ги продлабочиле“,
нагласи Мицкоски додавајќи дека колку побрзо заминат толку подобро ќе биде за сите.