Заклучно со вчера, во Врање со прва доза од вакцина против ковид-19 се вакцинирани 11 540 граѓани на Северна Македонија, јавува порталот „Југ прес“. Втора доза, пак, примиле 8 306 наши државјани.
Најголем дел до вакцинираните во овој град се државјани на Србија. 27 669 српски жители примиле прва доза, додека со втора се вакцинирале 27 117.
И неколку граѓани на Босна и Херцеговина биле во овој град за да примаат вакцина. Прва доза примиле 6 лица, а втора 7.
Како што пишува „Југ прес“, најголем број од вакцинираните во Врање примиле кинеска вакцина, додека останатите се имунизирани со руската „Спутник“, „Фајзер“ и „Астра Зенека“.