Британија се соочува со нагло зголемување во бројот на позитивни ковид-случаи, со повеќе од 82 886 заразени, што се должи на варијантата омикрон
Во Велика Британија починаа 12 лица заразни со сојот омикрон, а 104 позитивни на омикрон се хоспитализирани, изјави министерот за правда Доминик Раб, а пренесува Н1.
„Знаеме дека омикрон многу брзо се шири. Во моментов имаме 104 хоспитализирани и 12 смртни случаи. Но, поради доцнење на податоците, не знаеме колку ќе биде сериозна ситуацијата“,
кажа Раб за радио Тајмс, а пренесува Н1.
Она што се знае е дека оние што имаат примено засилувачка доза имаат повеќе од 70 отсто заштита, рече Раб и на тој начин ја оправда одлуката за забрзана кампања за вакцинација која британската влада ја донесе изминатите денови.
Британија се соочува со нагло зголемување во бројот на позитивни ковид-случаи со повеќе од 82 886 заразени, што се должи на варијантата омикрон.
Велика Британија е една од најтешко погодените европски земји во пандемијата, со повеќе од 147 000 смртни случаи од коронавирусот.