На Инфективното одделение во Општата болница во Велес, моментално, на лекување се 19 пациенти
Во Велес четири дена не е регистриран нов случај на заболен со ковид-19. Последен пат позитивен случај имаше во четвртокот на 21 мај.
Во оваа општина досега се регистрирани вкупно 127 заболени од кои во моментов активни се 41 случај.
Според податоците од велешкиот Центар за јавно здравје, денеска се регистрирани двајца оздравени пациенти.
На Инфективното одделение во Општа болница во Велес, моментално на лекување се 19 пациенти, од кои кај 18 е потврдено присуството на ковид-19, а еден чека резултат од тест.
И покрај тоа што во четвртокот последен пат имаше регистрирано позитивен случај во Велес, градоначалникот Аце Коцевски уште наредниот ден (во петокот) апелираше до граѓаните да не се опуштаат премногу и да бидат претпазливи, да носат задолжителна заштитна опрема за лице, да не се групираат и да држат растојание од два метра.
