Во март, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за военото злосторство незаконско депортирање деца
Вкупно 385 украински деца депортирани во Русија досега се вратиле кај своите семејства, покажува бројката што во петокот ја потврди здружението СОС Детско село, кое учествува во репатријацијата.
„СОС Детското село ги поддржува родителите со тоа што понекогаш им става на располагање финансиски средства или им помага да го планираат својот пат“,
изјави за АФП портпаролката на организацијата Ана Радл.
Во Украина се досега вратени вкупно 385 депортирани деца, од кои 84 со помош на СОС Детско село и нивните партнерски организации, соопшти невладината организација, еден од трите актери кои работат на ова поле.
„Често самите деца се тие кои повикуваат на помош, на пример преку социјалните мрежи, а понекогаш жителите на окупираните области ни даваат индиции“,
напишаа во четвртокот од организацијата со седиште во Инсбрук.
Организацијата обучува социјални работници и психолози за да можат да обезбедат насочена поддршка на малолетниците и нивните семејства.
Во март, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за военото злосторство незаконско депортирање деца.
Според официјалните податоци од Киев, ги има повеќе од 19 000.