Вирусот е потврден кај патник што се враќал од Нов Зеланд, кој заедно со другите 214 лица е изолиран и ставен во карантин по враќањето во Тонга на 27 октомври
Премиерот на пацифичкото кралство Тонга, Похива Туионетоа, денеска изјави дека во земјата е регистриран првиот случај на ковид-19 од почетокот на пандемијата.
Тонга, остров лоциран на околу 2 300 километри северно од Нов Зеланд, ги затвори границите на почетокот од пандемијата и досега немаше заболени лица.
Вирусот е потврден кај патник што се враќал од Нов Зеланд, кој заедно со другите 214 лица е изолиран и ставени во карантин по враќањето во Тонга на 27 октомври. Во авионот имало сезонски работници и некои претставници на олимпискиот тим на Тонга кои заглавија во Нов Зеланд на враќање од Олимписките игри во Токио. Ним не им беше дозволено да влезат во Тонга со недели откако беа откриени случаи на ковид-19 во Нов Зеланд.
Премиерот Туионетоа ги повика жителите на Тонга да се подготват за можни ограничувања и да се вакцинираат.
Во Тонга вакцинирани се 48 отсто од населението со прва доза, а 31 отсто се целосно вакцинирани.
Здравствените власти на Нов Зеланд вчера потврдија два случаи на ковид-19 во Крајстчерч, први инфекции во градот по една година. Министерството за здравство на Нов Зеланд соопшти дека патникот имал негативен наод пред да замине од Нов Зеланд.
Тонга беше една од деветте држави во светот кои тврдеа дека немаат ниту еден случај на ковид.