Никој од вработените во објектите на детската градинка „Младост“ не е заразен со ковид-19, соопштија од Општина Тетово по добивањето на резултатите за сите вработени откако на 26 мај започна скринингот.

„Заврши тестирањето на вработените и наставниците од сите градинки во состав на ОЈУГД „Младост“ во Тетово. За среќа, направените тестови на сите 150 вработени се негативни за КОВИД-19. Општина Тетово ги дезинфицираше и внатрешните и надворешните површини во рамки на мерките за заштита, со кои се предвидува отворање на сите градинки во земјава“,
велат од Општина Тетово.
Како една од превентивните мерки, 1 јуни тетовските градинки започнаа со електронско поднесување на барањата за упис на нови дечиња во градинките.
