Вакцинирани се десет од 60 сместени во домот за стари лица во Битола, 22 од 60 сместени стари лица во Скопје и 22 од 50 вкупно сместени корисници во центарот за сместување на стари лица „Мајка Тереза“
Веќе неколку дена трае теренската вакцинација на стари лица сместени во Болницата за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Ѓорче Петров и домовите за сместување стари лица во Скопје и во Битола.
Во двата дома „Сју Рајдер“ веќе е завршена вакцинацијата. Вакцинирани се десет од 60 сместени во домот за стари лица во Битола, 22 од 60 сместени стари лица во Скопје и 22 од 50 вкупно сместени корисници во центарот за сместување на стари лица „Мајка Тереза“.
„Ги чекаме списоците од останатите центри за сместување постари лица од другите градови, од Куманово, Прилеп и Берово и согласно динамиката таму ќе продолжи вакцинацијата на сместените корисници. Во меѓувреме останатиот дел од системот добро функционира и денеска продолжува вакцинацијата ширум пунктовите во државата. Во салата ‘Борис Трајковски’ се вакцинираат дел од припадниците на Армијата и наставничките од прво до трето одделение“,
изјави министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Болницата за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Ѓорче Петров