МВР најави повеќе детали за утре, а дел од медиумите јавија дека се запленети дрога и оружје
Во скопско Арачиново вечерва се спроведува полициска акција која се уште е во тек, потврдил за МИАп ортпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Повеќе детали за полициската акција тој најавил за утре.
Претходно, ТВ 21 објави дека оклопни возила се наоѓаат пред селото Арачиново. Неофицијално, запленета е голема количина на дрога и оружје.