Оваа одлука е донесена врз основа на волјата на граѓаните Албанци, а јасно изразена на 19 октомври, кога едногласно и порачаа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) деека нема место за неа во поголем број од општините
Во Општина Студеничани, на претстојниот втор круг од локалните избори, ќе го поддржиме независниот кандидат за градоначалник, Азем Садику, соопштија денеска од коалицијата ВЛЕН.

Како што велат од коалицијата, оваа одлука е донесена врз основа на волјата на граѓаните Албанци, а јасно изразена на 19 октомври, кога едногласно и порачаа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) деека нема место за неа во поголем број од општините.
„Заедно со граѓаните и кандидатите што искрено го претставуваат јавниот интерес, ќе ја унапредиме промената што започна на 19 октомври во албанските општини“,
се вели во соопштението од ВЛЕН.
Кандидатот за градоначалник на Студеничани, Азем Садики во неколку мандати раководи со Општина Студеничани. На овие избори тој се кандидараше како независен кандидат.
Од 2000 до 2005 година, тој раководеше со оваа општина, а потоа беше реизбран за втор мандат во периодот од 2013 до 2017 година. По трет пат, жителите на Студеничани му ја дадоа довербата за периодот од 2017 до 2021 година.
На локалните избори во 2021 година, Садики беше кандидат на Демократската партија на Албанците (ДПА).

На првиот круг од локалните избори одржан на 19 октомври, Садики, како независен кандидат освои најмногу гласови од неговите противкандидати или 3 156 гласа. Во вториот круг ќе се соочи со кандидатот од „Националната алијанса за интеграција“ (НАИ), Ејуп Абази, кој во првиот круг освои 2 597 гласа.
Кандидатот на ВЛЕН, беше на трето место, со освоени 2 258 гласа.
