Во Србија денеска пристигнале нови 23 570 дози од вакцината на „Фајзер“ која компанијата ја развиваше заедно „БионТек“, соопштија од српското Министерство за здравство.
Покрај на „Фајзер“ во Србија се користат и вакцините на „Астра Зенека“, „Синофарм“ и „Спутник В“.
Според информациите кои ги објавија тамошните медиуми, српските здравствени власти досега искористиле 2 325 000 вакцини, а од нив 920 000 се употребени како втора доза односно за ревакцинација.
Во Србија за три дена (четврток, сабота и недела) беа вакцинирани и повеќе 22 000 странци, меѓу кои голем број и државјани на Северна Македонија.
