Вакцините „Астра Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ и натаму ќе се користат, но само ако тоа некој го побара и во случај кога некој не може од здравствени причини да прими МРНА вакцина
Во иднина, имунизацијата на населението против ковид-19 во Словенија ќе биде со МРНА вакцини („Фајзер/Бионтех“ и со „Модерна“), а со векторска како што се „Астра Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ само во исклучителни случаи, односно по лично барање, потврди министерот за здравство на таа држава Јанез Поклукар.
Ова го препорачала група медицински експерти откако девојка неодамна почина, помалку од две недели по вакцинација со „Џoнсон и Џoнсон“.
Поклукар на прес -конференција рече дека векторските вакцини ќе бидат достапни само за лица кои имаат контраиндикација за вакцинација со МРНА вакцини или на експлицитна желба да добијат доза од векторската вакцина.
Експертите, исто така, и сугерираа на Владата да користи вакцина „Фајзер“ за млади под 30-годишна возраст, поради новите податоци за ризикот од развој на воспаление на срцевиот мускул по примањето вакцина на „Модерна“.
Поклукар рече дека половина од Словенците се вакцинирани со МРНА, а другите половина со векторски вакцини. Вкупно 49,5 проценти од населението е вакцинирано.
