Минатонеделните резултати покажуваат дека трендот на заразеност донекаде е забавен, но властите велат дека не треба да се очекува олабавување на пандемиските мерки на краток рок
Во Словенија е потврден првиот случај на oмикрон варијантата на коронавирус, а од минатата недела се забележув благо смирување на ситуацијата со епидемијата.
„Секвенционирањето го откри првото лице заразено со омикрон, варијанта на вирусот што се шири побрзо и е веќе присутен во многу земји од ЕУ“,
потврди денеска премиерот Јанез Јанша за време на говорот во Парламентот пред редовната седница.
Во Словенија продолжува трендот на ублажување на епидемиолошката состојба во четвртиот бран на епидемијата, но министерот за здравство Јанез Поклукар предупредува дека минатонеделните резултати покажуваат дека трендот донекаде е забавен и затоа не треба да се очекува олабавување на пандемиските мерки на краток рок.
Во последните 24 часа во земјата се потврдени 1 712 новозаразени лица, соопшти Националниот институт за јавно здравје.