Во Словенија во последните 24 часа од направените 6 127 тестови регистрирани се 1 744 новозаразени лица, соопшти словенечката Влада.
Во истиот период починати се 43 лица од ковид-19, со што вкупниот број смртни случаи надминал 2 000, објави агенцијата СТА.
Хоспитализирани се 1 276 пациенти, од кои 193 се во сериозна состојба и се на интензивна нега.
