„Овој случај ќе го следиме одблизу и треба сите да знаат дека оваа работа нема да се стави под тепих. Ова е прашање на опстојување на државата“, рече премиерот од централната прослава по повод Денот на независноста
Премиерот Христијан Мицкоски во говорот на свечената прослава во Македонската филхармонија по повод 8 Септември – Денот на независноста се осврна и на наводите за нелегалното прислушување и злоупотреба на системот, посочувајќи дека одговорност мора да има и оти оваа работа нема да се стави под тепих.

„Се следи и се прислушкува од 90-тите години. И една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до некоја мината власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, се удира по уставниот поредок, а последиците на таквиот извитоперен систем, не само што уништуваат генерации луѓе, туку ја доведуваат во опасност целата држава, кадее на тацна го ставаа безбедносниот систем. Ваквите удари уништуваат и човечки судбини, најчесто измислувајќи ситуации, контакти, додавајќи работи што во суштина не постојат. За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот поврзан со мене, а богами и со моето семеесјтво. Размирам јас, ама децата“,
рече тој.
Според него, не е прашање дали ќе се декласифицираат материјалите, зашто тоа смета дека е сосема ирелевантно. На таквите повици гледа како на страв и паника, но и како изговор за дефокусирање на на јавноста од вистинските дилеми, како и дека со тоа се разоткрива и расклинкува цел еден опееративен систем.
„Вистинското прашање е како да ги спречиме злоупотребите и повеќе ова да не се повтори. Тоа ќе се случи само кога ќе има одговорност. А одговорност мора да има“,
вели Мицкоски.
Посочи дека сите материјали од институциите и сознанија за незаконско следење се предадени на Обвинителството, но додаде и дека се познати и неговите слаби капацитети и за жал ниската доверба во него.
„Но, овој случај ќе го следиме одблизу и треба сите да знаат дека оваа работа нема да се стави под тепих. Ова е прашање на опстојување на државата. И во периодот што следи ќе се одмотува овој гордиев јазол“,
кажа премиерот.
Изминатите денови владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ разменуваат жестоки меѓусебни обвинувања, откако премиерот и актуелниот директор на Агенцијата за национална беезбедност (АНБ), Бојан Христовски, во понеделникот потврдија дека е доставена документација до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за наводни злоупотреби во Агенцијата во периодот од 2019 до 2024 година.
Опозициската партија преку серија прес-конференции насловени „Вистината за АНБ“ обвинува дека власта одбива да ги декласифицира документите кои би требало да го расветлат случајот со наводното следење на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, од друга страна, тврди дека СДСМ го признал незаконското следење додека биле на власт. Дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ скандалот го израмнија со обид за државен удар.
Поранешениот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, во интервју за „360 степени“, говореше за наводите од АНБ дека внатрешна истрага покажала оти Агенцијата била киднапирана од еден поранешен директор и неколкумина вработени, кои злоупотребувајќи ги ресурсите на АНБ се пресметувале со неистомисленици, меѓу кои политичари, новинари, бизнисмени…
Димовски во интервјуто тврди дека немало следење на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тврдам дека немало никаква документација што се однесува на прислушување и следење на поранешниот лидер на опозицијата, а доколку такво нешто постои, немаше да има потреба од ништо од ова што се случува, од овој циркус во парламентот, немаше потреба можеби и оваа емисија да ја имаме, ако одлучеа на едноставен начин да се декласифицира документацијата и да се објави“,
рече Димовски.
По повеќе одложувања, седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ и Агеенцијата за разузнавање (АР), која треба да ја води пратеничката од СДСМ, Славјанка Пеетровска, ќе се одржи в среда на 10 септември.
Истиот ден е предвидена и надзорна посетат во просториитее на Агеенцијата за национална безбедност.