Од почетокот на епидемијата со ковид-19 во земјава во Скопје се регистрирани 20 849 случаи со новиот коронавирус, од нив во моментов активни се 8 614.
Во пето скопски општини има над илјади активни случаи на ковид и тоа во Аеродром -1 294, Гази Баба – 1 216, Карпош – 1 110, Центар – 1 083 и Кисела Вода – 1 050.
Во најмногу случаи под 1000 е општина Ѓорче Петров со 713 активни ковид-случаи, а зад неа се Чаир и Бутел со 529 односно 454.
Во општина Илинде бројот се искаќи на 212, во Шуто Оризани на 146, а во Сарај на 118.
Чучер Сандево со 92 кативни случаи на ковид-19 е со најмногу случаи под 100, а за два помалку од неа е Петровец.
Во Сопиште бројот изнесува 63, а во Зелениково 55 активни случаи на ковид. Од скопските општини „најмалку“ активни ковид-случаи имаат Студеничани и Арачиново со 41 односно 27.
На територијата на Скопје се регистрирани и 149 странци, а 172 лица сè уште не се распределени по општини.
Вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 47 636, бројката на оздравени пациенти е 27 803, на починати е 1 345, а бројот на активни случаи изнесува 18 488.
