Пожарникарите интервенирале со вкупно седум противпожарни возила за гаснење на огнот во Маџир Маало, во Кондово и на обиколницата кон Блаце
Во моментов на територија на Град Скопје има три активни пожари, информираат за МИА од скопската Територијална противпожарна единица.
Првиот е во населбата Маџир Маало, на улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ број 65, во напуштена куќа во близина на новата Железничка станица. Во гаснење на пожарот се интервенира со три противпожарни возила и 10 пожарникари.
Вториот пожар е во штала во Кондово, во чие гаснење учествуваат две противпожарни возила со седум пожарникари, а третиот е на обиколницата во близина на „Еуроактива“ кон Блаце, каде што се интервенира со две возила и седум пожарникари.