Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, во главниот град има 1 725 активни случаи на ковид-19, а следуваат Битола со 298, Куманово со 204, Охрид со 203 и Кавадарци со 201 активен случај
Помалку од десет има во Македонски Борд – 9, Пробиштип – 5, Делчево – 3, Демир Капија – 2, а во Македонска Каменица, Пехчево и Дојран има по еден активен случај
Скопје и натаму има најголем број активни случаи на ковид-19. Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, во главниот град има 1 725 активни случаи, а следуваат Битола со 298, Куманово со 204, Охрид со 203 и Кавадарци со 201 активен случај.
Помалку од двесте активни случаи има во Прилеп – 189, Тетово – 156, Струмица – 126, Велес и Гостивар по 120. Следуваат Струга со 99, Штип со 98, Кичево со 72, Неготино со 57, Гевгелија и Радовиш по 56, а во Ресен има 52 активни случаи на ковид-19.
Двоцифрен број активни случаи има и во Кочани – 48, Дебар – 36, Крива Паланка – 28, Кратово – 24, Свети Николе – 23, Крушево и Демир Хисар по 22, Валандово – 17, Виница – 16, Берово – 15, а во Богданци има 11 активни случаи.
Помалку од десет има во Македонски Борд – 9, Пробиштип – 5, Делчево – 3, Демир Капија – 2, а во Македонска Каменица, Пехчево и Дојран има по еден активен случај.
Вкупниот бројот активни случаи во земјава изнесува 4 116.
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие има 178 нови случаи на ковид-19 од направени 1 238 тестирања. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 33 реинфекции. Оздравеле 592 пациенти. Во текот на изминатите 24 часа се пријавени и две починати лица од Скопје (72г и 60г), кои починале во болнички услови.