Во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 105, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје е примен само еден нов пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 37 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Пациентот е примен во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 2 оздравени пациенти.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 68 пациенти со ковид. Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, во Штип 5, на инфективното одделение во Тетово има 3 пациенти, во Велес се лекуваат 6, во Куманово 18 пациенти, во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 6 пациенти, во Прилеп 3, во ковид-центарот во Гостивар 8, а во Струга 5, во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти и во Кичево еден.
Во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
