Целта на СЕФ Скопје е да биде почетната точка на голем број разговори, кои ќе донесат до одлучни акции против климатските промени и климатски политики од кои ќе имаат бенефит сите граѓани на земјите од Западен Балкан, но и ќе помогне да се прошири Европскиот зелен договор на Европската Унија
Настанот се одржува во хотелот „Александар Палас“ од 9.30 до 16.30 часот, поради што ќе има посебен сообраќаен режим по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје
Во Скопје денеска ќе се одржи првиот Социо-еколошки форум, прв настан од ваков тип на Западниот Балкан, што ги обединува под еден покрив регионалните и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари, да дискутираат за чистата и зелена иднина, достапна за сите граѓани на земјите од Западниот Балкан.
Како што е најавено од Фондација „Фридрих-Еберт“, воведни обраќања на СЕФ-Скопје ќе имаат премиерите на Република Северна Македонија, Зоран Заев и на Косово, Албин Курти.
Предвидено е за време на работниот дел, да се обратат повеќе од 15 панелисти, претставници на организации и социјалдемократски партии од регионот и Европа.
Целта на СЕФ Скопје е да биде почетната точка на голем број разговори, кои ќе донесат до одлучни акции против климатските промени и климатски политики од кои ќе имаат бенефит сите граѓани на земјите од Западен Балкан, но и ќе помогне да се прошири Европскиот зелен договор на Европската Унија, се вели во најавата.
„Социо-еколошкиот форум го трасира патот до иднината кога сите земји од Западен Балкан ќе имаат енергетски ефикасни економии и работни места кои се отпорни на влијанија предизвикани од климатските промени и неодржливите извори на енергија. Социо-еколошка трансформација на овие општества, мора да осигура дека ниту еден граѓанин нема да биде изоставен“,
се наведува во соопштението од Фондацијата „Фридрих-Еберт“.
Социо-еколошкиот форум Скопје 2021 е во организација на Фондацијата „Фридрих-Еберт“, „Олоф Палме“ меѓународниот центар и Прогрес – Институтот за социјална демократија.
Настанот се одржува во хотелот „Александар Палас“ од 9.30 до 16.30 часот, поради што ќе има посебен сообраќаен режим по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.