Со оваа мерка властите во Сингапур сакаат да го поттикнат вакцинирањето на граѓаните, кое е во застој, а во исто време секојдневно расте бројот на нови случаи
Владата на Сингапур донесе одлука според која невакцинираните пациенти со ковид повеќе нема да можат да се лекуваат на државен трошок, туку сами ќе плаќаат за лекувањето.
„Моментално невакцинирани се мнозинството луѓе на интензивна нега. Тие придонесуваат за оптоварување на нашите здравствени ресурси. Од 8 декември, поради тоа, ќе почнеме на пациентите што не сакаат да се вакцинираат по своја волја да им ги наплаќаме трошоците за лекување“,
се вели во соопштението од владата.
Оние што не можат да се вакцинираат од медицински причини, како и децата до 12 години, ќе можат да се лекуваат на трошок на државата во случај на болест.
Со оваа мерка властите во Сингапур сакаат да го поттикнат вакцинирањето на граѓаните, кое е во застој, а во исто време секојдневно расте бројот на нови случаи.