Во серијата руски напади врз Украина во текот на ноќта загина двегодишно девојче, а 22 лица, од кои пет деца, се повредени. Смртоносниот напад бил извршен врз резиденцијална област во градот Днипро. Гувернерот на регионот, Серхи Лисак, изјави дека три од повредените деца се во тешка состојба во болница.

Експлозии се слушнаа и над главниот град Киев, каде што повторно се активираа системите за противвоздушна одбрана. Напади се пријавени и во други делови на земјата – во Суми се слушнале 87 експлозии – резултат на руско гранатирање. Повеќе од десетина експлозии се пријавени и во јужните градови Бердјанск и Мелитопол, кои сè уште се под руска окупација.